Запрашувањето е примена на фино мелена, боја во прав на непорозни објекти со цел латентните отпечатоци да постанат видливи. Правот се задржува на влага, или масло и други остатоци.
Прибор
Четка со стаклени влакна (фиберглас) (Сл. 1а), магнетна четка (Сл. 1б), памук, хартија.
Хемикалии
• прашоци - црн, магнетен прав (Сл. 2)
|
Начин на работа
Со немагнетен црн прав
• Мало количество од црниот прав се става во форма на мало купче на пластично капаче.
• Врвовите од влакната на четката се вронуваат во правот.
• Со ротациони движења на четката (држејќи ја рачката меѓу палецот и другите прсти) нанесете мала количина на прав на површината која се испитува.
• Четката може да се движи и во насока на било кој од сртовите од отпечатоците кои почнуваат да се појавуваат.
• Се нанесува прав врз сртовите и треба да се престане кога латентниот отпечаток ќе биде доволно видлив.
• Исчистете го вишокот прав од просторот меѓу сртови со користење на четка или памук.
• Користете памук за процесирање на големи површини со брцнувајње памук во правот и внимателно, нежно бришење за да не се уништуваат отпечатоците.
Со магнетен прав
• Магнетната четка се става во контејнерот со магнетниот прав.
• На овој начин магнетниот прав ќе се нафати на врвот од четката и ќе биде во форма на еж.
• Се применува со кружни движења на површината што се испитува. Бидете сигурни дека само магнетни прав ја допира површината, а не четката.
• По завршувањето на визуализацијата, држете ја магнетната четка во контејнерот и повлечете ја контролната прачка. Со ова ќе се ослободи магнетот и ќе предизвика ослободување на правот во контејнерот.
• Повторно се поставува магнетот во работна положба и со магнетната четка се поминува над визуализираниот отпечаток и околината за да се отстрани вишокот од магнетниот прав. Не ја допирајте површината со отпечатокот.
|